Утрински Весник
Македонија

Димитров: Не смее и нема да има калкулации со здравјето на граѓаните

Димитров: Не смее и нема да има калкулации со здравјето на граѓаните

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Овие парламентарни избори мислам дека се клучни. Немаме луксуз пак да се вратиме назад, мораме напред. Назад видовме како е, и што имаме. Факт е дека има области во кои можеме и мораме да бидеме подобри. Но, нема друга опција. Има сигнали за големо растење, преземање одговорност, повеќе работење, потранспаретно работење. Следната битка ни е дома. За првата изборна единица важни се перспективата, редот, нормалноста, правдата, порача Никола Димитров, носителот на листата на коалицијата „Можеме“ во вечерното он-лајн интервју.
Во врска со можноста изборите да се одложат поради ситуацијата со коронавирусот, Димитров посочи дека рано е да се одговори конечно затоа што информациите и забраните во врска со вирусот се менуваат секој ден.
-Здравјето на граѓаните е прв приоротет за сите, за нас е сигурно приоритет и сите калкулации не се дозволени, без разлика нам дали ни одговара, заради рејтингот, заради контекстот да бидат изборите според планот на 12 април. Мислам дека е многу непредвидлива, ситуацијата многу се менува. Никакви други моменти нема да имаат улога, освен ситуацијата. Дури и да е на некаква политичка штета, сепак здравјето е поважно. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, изјави Димитров на прашање на гледач поставено на Фејсбук.
Но, без разлика кога и да се одржат изборите Димитров е уверен во голема победа на коалицијата „Можеме“ затоа што нејзиното проевропско делување нема конкуренција.
– Јас лично можам да ветам дека пријателски, рака под рака ќе туркам напред и ќе не биде. Заедно со нашите граѓани од другите националности ќе покажеме дека решивме да не биде и тоа ќе го направиме. Не е време да се седи на страна. Во демократијата граѓаните на избори кажуваат каква држава сакаат да имаат, изрази оптимизам Димитров верувајќи во концептот и програмата на СДСМ. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија

(Видео) Огромни колони за излез од Грција

Шест лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие