Утрински Весник
Македонија

Наши иселеници од Лондон: Очекуваме најдобро, се подготвуваме за најлошото!

Наши иселеници од Лондон: Очекуваме најдобро, се подготвуваме за најлошото!

Делчево, 14 март 2020 (МИА) – Откако жариштето на коронавирусот по Италија се префрла и ширум европскиот континент, наши иселеници во Англија, кои сакаат да останат анонимни, велат дека се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Според нив, многу скоро поради коронавурусот во земјата ќе дојде самоизолацијата на месец или два.
-Се влошува состојбата, иако што би рекле тивко на прсти, но стравот од најлошото е присутен. Се купува се што може да се купи по маркетите, да бидеме искрени лично се спремаме за самоизолација на месец или два. Не мора да чекаме да се воведат мерки, па тогаш да постапиме. Ова нека биде апел до сите наши во Лондон, да не биде заплашување, но почнува, бидете подготвени, велат нашите иселеници.
Скриената паника е присутна, но како што додаваат, со право.
-Зголемен е бројот на новозаразени и самотестирања, мерките на самопретпазливост ќе одат на уште повисоко ниво, додаваат тие.
Меѓу најпогодените подрачја од коронавирусот, како што додаваат според тамошните прогнози се очекува да биде Лондон, најмногу поради 11 милиони жители кои што живеат во главниот град на Англија. вс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Деве Баир уапсен Турчин, приложил фалсификувани документи

ИЈЗ потврди морбили кај 12-годишно дете: Се работи за увезен случај од Србија

Полицијата вршела претрес во неговиот дом, а тој пред нив проголтал хероин – итно го однеле во болница