Утрински Весник
Спорт

Бејл отвори бар и призна: Поради фудбалот не почнав да пијам

Неизвесен трансферот на Бејл во Кина

Кардиф, 14 март 2020 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл започна со работа откако стана партнер во „Пар 59“ – комплекс од бар, ресторан и мини голф терен во родниот Кардиф.

– Јас нема да играм фудбал засекогаш и затоа имам интерес за такви работи, особено во Велс. Сакам да дадам нешто на градот каде што сум роден. Сите се надеваме дека Кардиф ќe се развива што е можно повеќе. Моето внимание секогаш беше на фудбалот и никогаш не почнав да пијам. Поради оваа причина, не излегував многу во барови. Во место како „Пар 59“, луѓето можат да се дружат, изјави крилото на Реал Мадрид.

Во последниве години, Бејл честопати беше обвинуван дека не дава се од себе за Реал Мадрид и на моменти пркосно се оддава на играње голф. Тој ќе наполни 31 година во текот на летото.



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз