Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар се спроведуваат засилени мерки и вонредна дезинфекција на улици и контејнери

Во Гостивар се спроведуваат засилени мерки и вонредна дезинфекција на улици и контејнери
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гостивар, 14 март 2020 (МИА) – Општинските власти од вчера започна со спроведување на засилени превентивни мерки со кои се опфатени улиците, контејнерите за отпад. Дезинфекција е спроведена и во седиштето на општина Гостивар.

Од локалната самоуправа, информираат дека во склоп на преземените активности, во справувањето со „Ковид-19“, денеска била спроведена целосна дезинфекција на сите простории на општинската зграда.

Изминативе два дена во вечерните часови се врши дезинфекција и се мијат главните градски сообраќајници, а акцијата ќе продолжи и во наредните денови.

Од општина Гостивар уште еднаш апелираат до граѓаните да не ги напуштат своите домови без потреба и да ги следат препораките на Светската здравствена организација и установите на јавното здравје во нашата земја.

Од појавата на вирусот во Македонија, во Гостивар, до четвртокот во изолација беа 11 лица кои во меѓувреме не покажале знаци на болест.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мециновиќ: Додека претседателката зборува за топење на глечери, граѓаните се гушат од загаден воздух 

УХМР: Снег во идните денови

ИРЛ отвора сериозни сомнежи: Жртвите во „Пулс“ можеби не починале од јаглерод моноксид