Утрински Весник
Економија

Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба

Владата ќе им помогне на стопанствениците ако има потреба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Имаме на располагање финансиски средства во Буџетот и кога ќе процениме дека на одредена категорија стопанственици треба да се помогне, ќе се излезе во пресрест, без разлика што сме пред избори, изјави денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција.

Владата, како што истакна премиерот, подготвува економски мерки.

-Точно е дека имаме на располагање финансиски средства во Буџетот, затоа и рековме дека се ликвидни. Во моментот кога ќе се процени дека треба на одредена категорија на стопанственици да се помогне да се излезе во пресрет тоа ќе го направиме. И државата и мерките се подготвени и се што треба да биде преземено овој момент ќе биде преземено, без разлика што сме во предизборна ситуација, изјави Спасовски. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЕСМ и Владата започнуваат историски инвестициски циклус во обновливи извори, потпишани договори за 97 милиони евра

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници”

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари