Утрински Весник
Македонија

Од утре без зимска опрема во возилата

Од утре без зимска опрема во возилата

Скопје, 14 март 2020 (МИА) – Утре завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што беше воведена на 15 ноември лани.

Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, залихи има доволно

Сведоштво на мајка во „Ноќно студио“: Без никакво решение од Центар за социјални работи разведениот сопруг го зема детето

(Видео) Жртва на семејно насилство за 4TV: Системот не ги штити жртвите туку е на страна на моќниците