Утрински Весник
Македонија

Армијата ќе биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Армијата ќе биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за ангажирање на Армијата на Република Северна Македонија за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

Армијата ќе биде ангажирана во поддршка на полициските сили од вечерва до 11 април годинава.

Одлуката, како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19 и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба. мд/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница