Утрински Весник
Македонија

Почнува зачестена дезинфекција во сите институции на органите на управата

Почнува зачестена дезинфекција во сите институции на органите на управата

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата и Министерството за здравство за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирус, денеска бесплатно подели средства за дезинфекција на раце во повеќе министерства, владини институции, како и во дел од органите во состав на министерствата.

– Средствата за дезинфекција на раце се наменети за сите вработени во институциите, како и за граѓаните што ги користат нивните услуги, зашто здравјето на граѓаните е пред се, велат од владината прес-служба.

Тие информираат дека во текот на викендот ќе се спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата.

Дезинфекција ќе се изврши и во резиденцијалните објекти на претседателот на државата и на претседателот на Владата, на клубовите на органите на државната управа (угостителски објекти), магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

– Оваа мерка за дезинфекција, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце ќе продолжи во повеќе наврати, ќе се спроведува во институциите, особено таму каде што е најголема фреквенцијата и комуникацијата на граѓаните со администрацијата како придонес за спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните, додаваат во соопштението. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех

Приведени девет возачи, пет возеле без дозвола, од нив еден малолетник кој предизвикал сообраќајна незгода

Муцунски: Надворешната политика не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки