Утрински Весник
Македонија

Општина Гостивар спроведува дезинфекција на улици и контејнери како мерки против коронавирусот

Општина Гостивар спроведува дезинфекција на улици и контејнери како мерки против коронавирусот

Гостивар, 13 март 2020 (МИА) – Со засилени мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, Општина Гостивар започнува со дезинфекција на јавни површини.

Од локалната самоуправа нагласуваат дека преземените мерки се во насока на превентива од пандемијата, која како што наведуваат има добива загрижувачки димензии на глобално ниво.

– Од синоќа, општинските јавни претпријатија започнаа со интензивно миење на главните градски улици и дезинфекција на контејнерите за отпадоци, а акцијата ќе продолжи и ќе се засилува и во наредните денови, велат од општина Гостивар.

Чистењето и дезинфекцијата ќе се врши во главно во вечерните часови, односно по 21:00 часот, кога движењето на возила и пешаци е со намален интензитет.

Локалната власт апелира до граѓаните строго да се придржуваат кон препораките на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на РСМ.

Состанок со давање насоки имаше и во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар. Директорот, Јакуп Јакупи денес на раководителите на сите оддели ги пренел мерките кои препорачаа од Владата на РСМ и Министерството за здравство и нивно спроведување. За да се спречи ширење на вирусот, Јакупи побара од граѓаните да се избегнуваат болничките посети.

Тој, искажа и благодарност до медицински персонал за напорната работа и придонесот што го даваат во овој период.

Во Гостивар, до вчера во изолација беа 11 лица кои во меѓувреме не покажале знаци на болест.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мисајловски и Калас ги посетија Балканските медицински наменски сили

Прв Дијалог за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија

Заради политички мотиви на Владата 40 деца не можат да се сместат во новиот дел од градинката, вели градоначалникот на Росоман