Утрински Весник
Македонија

Да се спроведуваат препораките за казнивост по член 205 и 206 од Кривичниот за сите физички и правни лица, заклучи Владата

Во Италија со коронавирус заразен прв професионален фудбалер

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат и истите да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно своите законски утврдени надлежности.

Ова е еден од заклучоците од вчерашната 17. седница на Владата, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (коронавирус).

-Воедно се задолжуваат Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд да ги преземат сите мерки и активности од своја надлежност за спроведување и операционализирање на сите мерки, препораки и насоки усвоени од Владата во врка со спречувањето на ширењето на коронавирусот СOVID-19, заклучи Владата. ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош