Утрински Весник
Спорт

УЕФА ги откажа сите натпреаври од евротурнирите

УЕФА ги откажа сите натпреаври од евротурнирите

Нион, 13 март 2020 (МИА) – УЕФА ги откажа сите натпревари од евротурнирите следната недела. Во списокот се вклучени осминафиналето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и натпреварите за младинска лига на УЕФА. Одложена е и ждрепката за четвртфиналето на двата турнира, закажани за во петок, 20 март.

– Со оглед на случувањата во врска со ширењето на КОВИД-19 во Европа и сродните одлуки од различни влади, сите натпревари организирани од УЕФА и закажани за следната недела, се одложување, се вели во соопштението на Европската фудбалска централа.

Во вторник на 17 март се очекува одлука за тоа како да се продолжи до крајот на сезоната. Тогаш УЕФА ги покани претставниците на сите 55 членки, заедно со раководството на Европската клупска асоцијација и Европските првенства и претставник на ФИФПРО, на видео конференција.

На состанокот се очекува да се донесе одлука кога ќе се доигруваат националните првенства, како и на европските клупски турнири, како и да се одложи почетокот на Европскиот фудбалски шампионат, кој стартува на 12 јуни.

Останатите четири реванш-дуели во Лигата на шампионите и осум натпревари во Лигата на Европа требаше да се одржат следната недела.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ рутински се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри

Француската триатлонка Богран го освои златото на Олимписките игри

Надал и Алкараз се пласираа во четвртфиналето во двојки на олимпискиот тениски турнир