Утрински Весник
Македонија

Листа на земји со среден и висок ризик од Ковид-19

Листа на земји со среден и висок ризик од Ковид-19

 

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – На веб-страницата на Министерство за здравство поставена е најновата листа на земји со среден и висок ризик од КОВИД-19.

Во делот „Корона вирус“ (http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/) исто така може да се најдат и сите информации, мерки, препораки, прес-конференции, прашања и одговори поврзани со овој вирус.

Поради состојбата со коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик. Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.са/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона

Искра од апарат за заварување го предизвикала пожарот во новиот трговски центар во Битола

САД ќе бидат многу поактивни во дијалогот меѓу Скопје и Софија штом Бугарија добие стабилна влада