Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Со презентација на материјални докази, односно извадок од една емисија на „1ТВ“, адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ја почнаа одбраната во предметот „Рекет”.
Од прикажаниот видео материјал јавноста на денешното рочиште имаше можност да види и слушне како обвинетата Катица Јанева, воедно и обвинителката Лиле Стефанова, на 29 јануари 2019 ги оправдуваат предложените мерки за обвинетите во случајот „Империја”.
Одбрана на Јанева, како дел од материјалните докази презентираше и Анкетен лист на обвинетата, каде според нив, нема промена во имотната состојба.
Воедно, беше презентирана и листа на транскрипти кои лицето Лиле Делиџакова (сестра на обвинетата Јанева) ги уплатила во болницата „Систина”, за лекување на нејзиниот татко.
Дел од материјалните докази предложени од Катица Јанева, беа и материјални докази од истрагата за „Империја”, поради што одбраната побара да се исклучи јавноста.
Судијката Васка Николовска – Масевска, го прифати овој предлог и објасни дека до 23 март сите рочишта за „Рекет”, ќе се одвиваат без присуство на јавноста, заради чување на тајноста на овој предмет.
На рочиштето закажено за 23 март, одбраната на Катица Јанева, ќе почне со испитување на сведоци, меѓу кои се предожени и поранешни обвинители од СЈО. оџ/дма/