Утрински Весник
Македонија

ДЗС се вклучи во операцијата за справување со ширењето на коронавирусот во Дебар

ДЗС: Вклучени сме во гаснење на пожарот во депонијата Русино

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во текот на вчерашниот ден преку своето подрачно одделение во Дебар се вклучила во работата на Оперативниот штаб, што беше формиран за справување на терен против ширење на коронавирусот.

Во соопштението на Дирекцијата се наведува дека таа свој тим и комплетна опрема, возила со пумпи за дезинфекција и целосна опрема за РХБ заштита делувала на терен.

– Дирекцијата за заштита и спасување со своите човечки и материјално-технички ресурси останува максимално ангажирана за намалување на ризикот од ширење на Коронавирусот, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски”. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клиниката „Санте Плус“ блокирана во Албанија – полицијата го бара сопственикот Билал Кара со потерница

Може ли Чаир да биде политички гробар на Али Ахмети?

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина