Утрински Весник
Македонија

Апел до нашите од земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето дома

Домашни туристи на скопскиот аеродром чекаат од ноќеска да заминат за Хургада

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Поради состојбата со Коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик согласно Листата на Светска здравствена организација објавена на веб страницата на Министерството за здравство.

Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават  потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.

Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.

Поради затворање на граничниот премин „Рибарци“ во Република Србија од вчера од 7:00 часот, за премин за патници и возила согласно насоките од Владата на Република Србија, сите патници и возила од граничниот премин „Голема Црцорија“ – Голеш, Кривопаланечко во Република Северна Македонија се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на патници и возила.

Од граничниот премин Прохор Пчински  патниците и возила се пренасочуваат на заедничкиот граничен премин со Република Србија, Табановце – Прешево. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Божиновска и Мицкоски да кажат каде се 1 милион евра?

Димитриевски: МАНУ им припаѓа на сите

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?