Утрински Весник
Македонија

Почна дезинфекцијата на улиците и садовите за смет низ Штип

Почна дезинфекцијата на улиците и садовите за смет низ Штип

Штип, 12 март 2020 (МИА) – Општина Штип од вечерва почна со дополнителните мерки против ширењето на коронавирусот. Штипските пожарникари и вработени на комуналното претпријатие „Исар“ почнаа со дезинфекцијата на улиците и садовите за смет. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на социјалните мрежи објави фотографии, како екипите работат низ улиците во централното градско подрачје и низ населбите.

Во моментот започнавме со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширењето на COVID-19  во градот преку ЈП Исар и противпожарната единица. Овие превентивни активности се одвиваат вечерва и ќе продолжат утре во текот на денот, вели Бочварски.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките кои се препорачуваат од Министерството за здравство. вдј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Финансиската полиција отвори предмет за сомнителен капитал во медиумите – АВМУ запре промена на сопственост на телевизија и радио

Мицкоски: Туристичкиот развој на Берово е еден од приоритетите на Владата, во подготовка закон за туристички развојни зони

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари