Утрински Весник
Македонија

Почна дезинфекцијата на улиците и садовите за смет низ Штип

Почна дезинфекцијата на улиците и садовите за смет низ Штип

Штип, 12 март 2020 (МИА) – Општина Штип од вечерва почна со дополнителните мерки против ширењето на коронавирусот. Штипските пожарникари и вработени на комуналното претпријатие „Исар“ почнаа со дезинфекцијата на улиците и садовите за смет. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски на социјалните мрежи објави фотографии, како екипите работат низ улиците во централното градско подрачје и низ населбите.

–Во моментот започнавме со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширењето на COVID-19  во градот преку ЈП „Исар“ и противпожарната единица. Овие превентивни активности се одвиваат вечерва и ќе продолжат утре во текот на денот, вели Бочварски.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките кои се препорачуваат од Министерството за здравство. вдј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пекевски: На Вучиќ му пресудија 14 години власт, трагедијата во Нови Сад и незадоволството на младите

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија