Утрински Весник
Македонија

Осма жртва од експлозијата во Романовце, почина 10-годишното дете

Осма жртва од експлозијата во Романовце, почина 10-годишното дете

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Десетгодишното дете кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во Романовце, почина денеска во Градската болница „Св.Наум Охридски“ каде што беше хоспитализирано, потврди директорот на болницата Љубен Арсенков.

Починатото дете имало 70 проценти изгореници на телото. Тоа е осма жртва од несреќата во Романовце. Минатата недела почина 55-годишен маж, а претходно и две жени, едната на 63-годишна возраст, другата 36-годишна, како и еден маж на 58 годишна возраст. На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.скс/са/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син