Утрински Весник
Македонија

Нивото на Вардар во велешкиот градски парк речиси двојно зголемено

Нивото на Вардар во велешкиот градски парк речиси двојно зголемено

Велес, 12 март 2020 (МИА) – Нивото на реката Вардар во градскиот парк во Велес од 60 сантиметри колку што било на 2 и 3 март, зголемено е на 110 сантиметри.

– Единствено на 10 март имало мало намалување на нивото на 83 сантиметри, информираат за МИА од Регионалниот центар за справување на кризи, кои пак податоците го добиваат од УХМР од Скопје која има мерни пунктови на Вардар во Велес на три места.

Како што информира Блажо Донев од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес просекот за март за нивото на Вардар во Велес досега е 99 сантиметри.

Како последица на зголемување на нивото на Вардар деновиве по обилните врнежи во Градскиот парк има потопување на дел од дрвјата што се покрај Вардар.

Имено, и со 110 сантиметри нивото на Вардар е далеку од критичната точка на излевање на водите на Вардар во Велес која изнесува 259 сантиметри. ад/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?

Галетановски нуди 2-3 илјади евра награда за тој што ќе открие кој му го запали автомобилот, односно кој нарачал