Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Заврши уредувањето на неколку улици во Богданци

Заврши уредувањето на неколку улици во Богданци
300x250 opst2

Гевгелија, 12 март 2020 (МИА) – Согласно годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Богданци заврши уредувањето на една улица и на два улични крака со вкупна должина од околу половина километар.

Од општината денеска потврдија дека со бекатон плочки е уредена улицата „Максим Горки“ со должина од 180 метри, крак од улицата „Никола Карев“ со должина од 150 метри и дел од улицата „29 Ноември“ со должина од 130 метри.

-За реализација на овој проект потрошени се околу 1,9 милиони денари од општинскиот буџет, а веќе до крајот на оваа недела ќе следува распишување на нова тендерска постапка за уредување на уште четири улици и на паркинг просторот позади објектот на Комерцијална банка, потврдија од Општина Богданци.

Покрај ова од надлежната општинска служба посочија дека е предвидено и уредување на тротоарите на улицата „Гоне Каракабаков“ во селото Стојаково. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи