Утрински Весник
Македонија

Заврши уредувањето на неколку улици во Богданци

Заврши уредувањето на неколку улици во Богданци

Гевгелија, 12 март 2020 (МИА) – Согласно годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици во Богданци заврши уредувањето на една улица и на два улични крака со вкупна должина од околу половина километар.

Од општината денеска потврдија дека со бекатон плочки е уредена улицата „Максим Горки“ со должина од 180 метри, крак од улицата „Никола Карев“ со должина од 150 метри и дел од улицата „29 Ноември“ со должина од 130 метри.

-За реализација на овој проект потрошени се околу 1,9 милиони денари од општинскиот буџет, а веќе до крајот на оваа недела ќе следува распишување на нова тендерска постапка за уредување на уште четири улици и на паркинг просторот позади објектот на Комерцијална банка, потврдија од Општина Богданци.

Покрај ова од надлежната општинска служба посочија дека е предвидено и уредување на тротоарите на улицата „Гоне Каракабаков“ во селото Стојаково. им/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче