Скопје, 12 март 2020 –
ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, ве повикува: Да ги ПОЧИТУВАТЕ и да се ПРИДРЖУВАТЕ до препораките издадени од релевантните институции Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата на РСМ, https://vlada.mk/ и Светската Здравствена Организација, https://www.who.int/.
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемена јавна информираност за спроведените оперативни активности го објавува месечниот извештај за февруари, 2020 година.
Имено, во текот на Февруари 2020 година преку Секторот Водовод се изведени 1004 интервенции и тоа: отстранети се 74 улични дефекти и 397 дефекти на шахти, поставени се 17 затворачи, 24 огрлици, 68 приклучни цефки, 4 хидранти, 58 нови приклучоци, променети се 360 водомери и спроведени се 2 изведби на водоводна мрежа.
Секторот Канализација изврши 28.376 интервенции од кои: 9.547 проверки на шахти, 14.607 изведби на површинско чистење на решетки од сливници, 3.313 изведби на рачно чистење со кофа и лопата на сливници, 64 перења на канализација со ЦВ, 595м перење канализација со ЦП, 336 изведби за отпушување на канализација со ЦП и 500м снимање со камера на канализационата мрежа.
Со цел подобрување и унапредување на инфраструктура, Секторот за технички работи и развој работеше на 14 основни проекти за водоводна, фекална и атмосферска мрежа, 1 проект за дополнување на основен проект за водоводна мрежа и 2 проекта за реконструкција на водоводна мрежа и реконструкција на постоечка шахта на фекална канализација. Во рамки на одговорностите се спроведоа 24 ревизии на проекти, 88 увиди, прегледи на 59 задачи за „е-урбанизам“, се издадоа 26 потврди за постоечки инсталации, се изврши прием на 1.265м на водоводна мрежа, 305м на канализациона мрежа и 939м на атмосферска канализација; се спроведе надзор на повеќе објекти во градба и реконструкции; се дадоа одобренија за (67) приклучоци, хидротехнички услови (81) и се одговори на дописи (22). Секторот Механизација вршеше секојдневно опслужување со механизација и со возила на сите сектори.
Во Дежурно информативниот центар се пријавени и реализирани 1.217 интервенции.
Секторот за санитарна контрола изврши 1.653 хемиско-бактериолошки анализи на примероци од вода од градскиот водоснабдителен систем (760 физичко-хемиски и 760 микробиолошки анализи).
ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш подготвено да излезе во пресрет на потребите на граѓаните на град Скопје.
Согласно вашите потреби контактирајте не на: 02/3073 010, www.vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/; kontakt@vodovod-skopje.com.mk.
ЈП Водовод и Канализација – Скопје
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки