Утрински Весник
Македонија

Хуманитарен клуб формиран во општина Росоман

Хуманитарен клуб формиран во општина Росоман

Росоман, 12 март 2020 (МИА) – Хуманитарен клуб е формиран во општина Росоман, во рамки на проектот „Помалку гладни, повеќе среќни”, што го реализираат волонтери од регионалното еколошко  друштво „Еко-живот“.

Претседателот на „Еко-живот” Роберт Паризов, информира дека ги прошириле проектвните активности на Банка за храна Кавадарци и националната Банка за храна,  во општина Росоман.

– На промоцијата на проектните активности вчера присуствуваа претставници на општината, градоначалникот Бранко Јанев, институциите и бизнис секторот и се формираше хуманитарен  клуб,  кој заедно со „Еко-живот”  и општината ќе работи  на неколку проблеми во Росоман. Се мисли на борбата против гладта и сиромаштијата и нефрлањето на храна, информираше денеска Паризов.

Оваа активност е спроведена во склоп на проектот ВСС Ефект, финансиран од Европската Унија.

– „Еко-живот“ се залага на сите свои активности да има претставници од надлежните општини како и од Меѓуопштинскиот центар за труд и социјална работа,  со кој веќе имаме одлична соработка, нагласи Паризов.

Тој додаде дека општина Росоман ќе додели просторија за хуманитарниот клуб. свд/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”