Утрински Весник
Македонија

Прилепскиот музеј задоволен од проектите, археолозите реагираат и обвинуваат зашто втора година нема археолошки истражувања

Прилепскиот музеј задоволен од проектите, археолозите реагираат и обвинуваат зашто втора година нема археолошки истражувања

Прилеп, 11 март 2020 (МИА) – Прилепскиот „Завод и музеј“ е задоволен што доби 8 милиона и 800.000 денари за проектите за годинава. Главно, осум милиони денари се за заштита на спомениците од културата, а останатите 800.000 денари се за музејската дејност. Но, има голема реакција на археолозите кои сметаат намерно, втора година, се отпишани проектите за архелошки истражувања, посебно од големиот локалитет Стибера.

Според архелогот од Музејот Душко Темелкоски, вината е на директорот на Музејот. За Темелкоски симптоматично е што пријавените проекти за истражувањата на Стибер и на локалитетот Алкомена кај селото Бучин иако уредно пријавени, ги нема ниту во прифатените, ниту во одбиените проекти.

-Мојата реакција е од два аспекта. Едниот е морален и имам поддршка од уште тројца колеги, археолози. Не дека ја форсираме нашата гранка, дејност, но покрај сите музеи во Макеоднија, само прилепскиот нема археолошки истражувања и е непрофесионалност на директорот на Музејот и нетретирање на археологијата како наука. Но поголем е гневот зошто директорот изјавува дека тој бил во координација со Комисијата при Министерството за култура, од која дознавам дека Комисијата вчера првпат ги видела пријавите. Тој, директорот, дава лажна изјава дека уште во јануари се направил технички пропуст и не се ставени тие два проекта во одбиени, изјави Темелкоски.

Директорот на прилепскиот Завод и музеј Благоја Атанасоски категорично ги отфрла обвинувањата дека, наводно укажувал да не се прифатат проектите. Вели, ниту имам право ниту според прописите.

-Станува збор за недоразбирање. Пред раководителите на проектите беше презентирана целата програма. Но во решението од Министерството проектите за археолошки истражувања на локалитетот Стибера и на локалитетот Алкомена кај селото Бучин, ги нема ниту во прифатените, ниту во одбиените проекти. Точно е дека Комисијата при Министерството ги повика директорите на музеите да имаат право да одлучат во одредени делови на дејноста и за одредени проекти кои се или не се приоритетни. Ние сме одлучиле за проектите, но за овие, археолошките, не стана збор зашто пријавите, во тој момент, Министерството ги немаше. А ја немаше ниту пријавата за црквата „Свето преображение“ во Зрзе каде работите се од лани со набавени материјали. Ние ќе најдеме солуција во разговор Министерството и со Комисијата. Тие ни посочија да направиме анализа на проектите и пренамена на средствата. Тоа му го кажав и на археологот дека што може ќе направиме и ќе пренамениме средства за археолошки истражувања. Одговорно тврдам дека во никоја пригода на археологот не му реков, како што тврди, дека доедека сум директор ќе нема средства за археолошки истражувања во Стибера. За потврда на ова, имаше археолошки истражувања во 2018 година. Проблемот не е во мене, иако лично може да речам дека архелогијата може малку да се стопира, зашто имаме споменици кои пропаѓаат и треба да се заштитат, оти средствата што ги добиваме од Министерството се ограничени. Инаку колегата археолог до денеска нема поднесено приговор, изјави Атанасоски.

Музејот упатил писмо до Министерството за култура од 24 февруари.

-Тоа е барање за Комисијата да се произнесе зошто проектите ги нема ниту на листата на одбиени, ниту на листата за прифатени. Категорички го демантирам тврдењето дека сум испратил писмо до Министерството за да се одбијат проектите за археолошки истражувања. Со тоа би ѝ наштетил на институцијата „Завод и музеј“. Освен тоа ниту процедурата е таква, рече Атанасоски.

Годинава во одобрените средства од 8.800.000 денари за проекти,  се одобрени средства за проекти помеѓу кои: 500.000 денари за споменикот Илинден во Крушево, за црквата „Свети Никола“, манастир Мариово еден милион денари, за заштита на Иконостасот во Свето Благовештение 150.000 денари.ем/скс/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното