Утрински Весник
Македонија

Општина Тетово презема мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Општина Тетово презема мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Во Општина Тетово е одржан состанок за координирање на потребните активности поврзани со конкретни мерки за спречување на ширење на вирусот корона на територијата на општината. На координативниот состанок се донесени повеќе одлуки.

– Во петок ќе се започне со дезинфекција и дератизацијат како превентивна мерка на територијата на општина Тетово. Во следните денови ќе се започне со дезинфекција на јавни места и објекти со хемиска супстанција која не е штетна по здравјето на луѓето. Ќе се формира кризен штаб , составен од претставници од Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Центарот за јавно здравје, ЈКП Тетово, Клиничкиот центар и Секторот за внатрешни работи во Тетово, инфомираат од локалната самоуправа.

Според одлуката, штабот за итни случаи ќе ги координира потребните активности за управување со ситуацијата со ширењето на Корона вирусот.

– Тие активности се темелно чистење и дезинфекција на патиштата во градот. На граѓаните им се советува да избегнуваат престој во затворен простор, трговски центри, болници и градинки во овој период, наведуваат од општината.

Во Тетово за можните случаи со висока температура и типични симптоми на оваа болест  на граѓаните им се советува да не излегуваат од дома и итно да се јават на телефонскиот број на Центарот за јавно здравје во Тетово 075 240 464.ас/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Албанците никогаш не биле во полоша состојба отколку под водство на оваа влада

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите