Утрински Весник
Сцена

Горан Вишњиќ во улога на Дракула во сапуницата „Невести“

Горан Вишњиќ во улога на Дракула во сапуницата „Невести“

Лос Анџелес, 10 март 2020 (/) – Горан Вишњиќ ќе се појави во најмалку една епизода од ТВ-серијата во најава – „Невести“ (The Brides) на Еј-би-си. Хрватскиот глумец ќе го толкува ликот на Дракула.

Во серијата ќе глумат и Кетрин Рис, Џина Торес и Крис Мејсон.  Засега е најавена само една, пилот-епизодата, но тоа може да прерасне во ТВ-серијата.

„’Невести‘ е семејна драма за три моќни жени, силни во срцето. Со изразени хорор елементи, тоа е една вампирска сапуница за моќни, бесмртни жени и што сè прават заради своето богатство, престиж, наследство и – за нивното необично семејство“, се вели во објавата на продукциските компании Еј-би-си судио, Ворнер брос и Берланти. си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка