Утрински Весник
Македонија

Две награди за ученици од тетовското музичко училиште на меѓународен натпревар во Белград

Две награди за ученици од тетовското музичко училиште на меѓународен натпревар во Белград

Тетово, 9 март 2020 (МИА) – Ерденај Сали прва награда со освоени 96.5 поени и Александар Ристовски со трета награда со 89.25 поени се вратија денеска од престижниот меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ во Белград, Србија. Двајцата се ученици од основниот оддел на Државното музичко училиште во „Тодор Скалоски-Тетоец“.

-Ерденај кој е 10-годишен настапи со кларинет во преткатегорија Б, додека Александар кој има 13 години исто така со кларинет во категорија А. Во двете категории имаше по 12 натпреварувачи, а во Белград беа со професорот Новица Соколовски. Интернационално жири ги оценуваше настапите, информираат од училиштето.

Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ се одржува 16 години при што досега учествувале над 6.000 натпреварувачи од голем број европски земји. Музикото училиште „Даворин Јенко“ е основано 1951 година и претставува најголема установа за музичко образование во Србија. ас/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меморијален центар АСНОМ- споменик на создавањето на современата македонска држава

Филипче: Се создава впечаток дека некој сака да ја скрие вистината за скандалот на аеродромот

Ахмети кон Вјоса Османи: Извини, ни го донесоа Путин во влада