Утрински Весник
Политички Партии

Заев: СДСМ ја предводи најголемата коалиција која е апсолутен фаворит на изборите на 12 април

Заев: СДСМ ја предводи најголемата коалиција која е апсолутен фаворит на изборите на 12 април

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – СДСМ е партија предводник на промените. Партија која го унапредува политичкиот плурализам. Партија на прогресот во Северна Македонија. Партија која работи за сигурна македонска иднина. Денес СДСМ и сите кои сме дел од неа ги продолжуваме одговорните и државотворни политики кои водат напред кон интеграција, развој и подобра иднина на сите граѓани, порача лидерот на СДСМ во обраќањето на почетокот на 24 Конгрес на партијата.

Тој потсети дека за само две и пол години, колку СДСМ ја предводи власта, реализирале голем дел од своите политики за враќање на парите кај граѓаните, притоа, како што рече решавајќи и крупни прашања кои помогнале државата да се движи напред.

-За само две и пол години државата и општеството напредуваат на секое поле. Правиме пресврт на подобро, рече Заев.

Додаде дека во 2016 СДСМ најавила концепт за враќање на парите назад кај граѓаните, кој како што рече, за само две и пол години во најголем дел го реализирале. Притоа потсети на укината радиодифузна такса, воведување ефтина тарифа на струјата, намалување на нотарски, адвокатски и извршителски трошоци, намалување на казни, враќање на дел од ддв кај  граѓаните преку Мој ДДВ, зголемување на социјалната помош за 300 проценти, воведување социјална пензија, зголемување на субвенции за земјоделци…

Исто така, рече Заев, ветивме плата од 30.000 за цел мандат, а само за две и пол години таа изнесува 27 илјади, ја зголемивме минималната плата на 14.500 денари, а ги покачивме и пензиите.

Успешните економски политики, рече, довеле до тоа растот на БДП за минатата година да биде 3,6 отсто, повисок од планираните 3,5 отсто, имајќи предвид дека пред три години тој бил -1,8 отсто.

Лидерот на СДСМ, меѓу другото, додаде дека нема веќе страв, нема медиуми под диктат, ниту газење врз луѓето, напротив, рече имја вложување во луѓето, парите одат кај народот, а не во стиропор, фасади, жални врби и галии.

-Државата од изолации и стагнации ја донесовме на патот на евроинтеграциите. Денес нашата убава земја Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, истакна Заев.

Тој нагласи и дека во некои сегменти има уште многу работа и го издвои правосудството како еден од нив каде се спроведени реформи за зајакнување на капацитетот на правната држава.

-Требаше време но по серија реформски закони конечно донесовме нов ефикасен и совреме закон за јавното обвинителство. Предметите ќе имаат завршница. Политичарите остануваат настрана од обвинителите и судиите, нема скриени амнестии, на некого ова секако не му се допаѓаше но оние кои се за правда надгласаа со две третини во Собранието. Сега правосудството е на ред да испорача правда без да се соочува со какви било политички или други притисоци. Тоа не е само мое или ваше очекување, тоа е очекување на сите граѓани, на сите наши пријатели и сојузници, нагласи лидерот на СДСМ.

И во следниот период, најави, ќе работат на судството да делува независно, нелеселективно и професионално, со што ќе ја покажат посветеноста и заложбата за градење општетство кое е препознаено како фер, праведно, солидарно и економски стабилно.

-Нашите политики се признаени и препознаени. Затоа СДСМ секојдневно расте, затоа Коалицијата предводена од СДСМ се зголемува со нови политички партии кои се спремни да работат заедно со нас во унапредувањето на животот на сите граѓани. Затоа денес СДСМ ја предводи најголемата најразноликата и најсилната коалиција која е апсолутен фавотит на изборите на 12 април, коалиција која што ќе победи.

Направивме многу во изминатите две и пол години, нагласи Заев, и додаде дека сега е време да се обврзат на нови цели пред граѓаните и пред себе си.

-На толку оставрени резултати денес пред целата македонска јавност со крената глава одговорно кажуваме „Можеме уште повеќе и уште подобро, бидејќи знаеме и умееме“, порача Заев.

Како гости на 24. Конгресот на СДСМ присутни се лидерите на ВМРО-НП и на Обединети за Македонија, Љубчо Георгиевски и Љубе Бошкоски, на БЕСА новииот коалицискиот партнер на СДСМ, Билал Касами, од НСДП е присутен потпретседателот и пратеник, Горан Мисовски, На конгресот присуствуваат и лидери или претставници од сите партии коалициски парнери на СДСМ, од чии редови ќе се најдат кандидати на листите во шесте изборни единици.

На конгресот, присутни се речиси сите пратеници од актуелниот состав на Собранието, кои доаѓаат од листите на СДСМ и Коалицијата.

На овој Конгрес во пресрет на предвремените парламенатрни избори, СДСМ треба да ги објави кандидатските листи за пратеници. Конгресот ќе има отворен и работен дел. Отворениот дел ќе биде на почеток и на крајот од Конгресот.. вг/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт