Скопје, 9 март 2020 (МИА) –Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Центар.
Како што соопшти РЦУК-Скопје по известување од ЕВН, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Саса во нас. Пинтија, во Oпштина Кисела Вода, од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од долниот дел од с. Брњарци, во Општина Гази Баба, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Рилски Конгрес во Општина Центар.
По известување пак, од ЈП Водовод и канализација – Скопје, РЦУК – Скопје информира дека од утре до 13 март етапно ќе се врши чистење, дезинфекција и испирање на двете комори во резервоарот за питка вода – Драчево.
Во посочениот период од 08:00 часот до завршување со активностите ќе бидат можни кратки прекини на водоснабдувањето во нас. Драчево и дел од с. Долно Лисиче. (Општина Кисела Вода и Аеродром ). вг/