Утрински Весник
Македонија

Дезинфициран објектот каде се одржал симпозиумот на дерматозлози, по него немало други настани

Дезинфициран објектот каде се одржал симпозиумот на дерматозлози, по него немало други настани

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Од ресторанот „Рагуза 360“ денеска преку соопштение информираат дека по одржувањето на симпозиумот на дерматовенеролози не организирале друг настан. Објектот, посочуваат оттаму, е дезинфициран од Институтот за јавно здравје. Тие негираат дека вработените од ресторанот имале контакт со докторката, која е директорка на Клиниката за кожни болести и е заболена од коронавирусот, а која учествувала на симпозиумот.
-Согласно денешните написи во медиумите за стручното предавање на дерматолозите одржан изминатата сабота, 7 март 2020, во нашиот ресторан „Рагуза 360“ би сакале да ја известиме јавноста дека нашите вработени не беа во директен контакт со заболената пациентка од корона вирус, која предаваше на настанот. По одржување на настанот до денеска немавме одржување на други настани или прослави, се вели во соопштението.
Во него се додава дека телефонски разговарале со своите вработени, како и тие кои што директно служеле во салата..
-Тие засега немаат симптоми, но сепак одлучивме да се дома, да не доаѓаат на работа и да направат тест за вирусот, велат од ресторанот.
Тие додаваат дека откако ја дознале информацијата за заболената докторка, веднаш побарале од Институт за јавно здравје темелно да извршат комплетна дезинфекција на објектот. сст/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер