Утрински Весник
Македонија

Реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид

Реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид

Охрид, 9 март 2020 (МИА) – Со преместување на дистрибутивната нисконапонска мрежа за пренос на електрична енергија и замена на постојните дрвени со нови бетонски столбови отпочнаа активностите за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид.

Станува збор за една од трите главни сообраќајници што го поврзуваат градот со населбата Видобишта, од витално значење за тој дел на градот.

Проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е дел од инфраструктурните активности предвидени со годишната Програма за уредување на градежно земјиште и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 13 милиони денари. аб/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра

Сиљановска-Давкова до жените во технологијата: „Ако можев јас да станам претседателка, може и секоја од вас“

Регионот копа бакар, во Македонија „Иловица-Штука“ останува блокирана