Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Свесен за поразот Мицкоски бега од соочување со Заев во ИЕ4

СДСМ: Мицкоски е на различна страна од интересот на граѓаните и државата

8 март 2020
Свесен за поразот, Мицкоски бега од соочување со претседателот Заев во Изборната единица 4, но поразот не му бега.
Извршителот Христијан Мицкоски денеска потврди дека е свесен дека на 12 април го чека убедлив пораз од граѓаните.
Затоа Мицкоски бега од соочување со претседателот Зоран Заев во Изброната единица 4.
Бадијала бега од пратеничката листа, поразот не му бега.
Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на претседателот Заев кои носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кои нуди одбрана на криминалот и обнова на режимот.
Мицкоски еден чекор назад, Заев и СДСМ три чекори напред.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за изолација и уназадување, Заев и СДСМ за интеграција и напредок. Затоа на 12 април, поразот на Мицкоски е извесен, може да беа од соочување колку сака, од поразот нема да избега.
                                            Центар за комуникации СДСМ

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт