Утрински Весник
Спорт

Ќерката на рускиот голман Малафеев продавала дрога

Ќерката на рускиот голман Малафеев продавала дрога

Москва, 8 март 2020 (МИА) – Ксенија Малафеева (16), ќерка на поранешниот голман на Зенит од Санкт Петербург, Вјачеслав Малафеев предизвика скандал во Русија.
Проблематичната тинејџерка е обвинета дека е дилер на дрога и според најновите информации е пуштена од притвор со забрана за напуштање на градот и моментно е сместена на локална клиника под медицински надзор.
Сопругата на Малафеев загина во сообраќајна несреќа во 2011 година поради што тој мораше предвреме да ја заврши кариерата и да се посвети на приватните обврски. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград