Тетово, 8 март 2020 (МИА) – Ренова го совлада Вардар со 2:0 во воведниот меч од неделната програма во рамки на 22. коло во македонскиот фудбалски шампионат.
Двата гола за тетовци беа дело на Арѓент Гафури во деветтата и во 62. минута.
За „гипсарите“, ова е трета победа во низа во пролетниот дел од сезоната и со 28 бода се моментно седми на табелата. Вардар, пак, останува лидер со 43 бода, а дали ќе остане и на плус осум од Шкендија ќе зависи од исходот на тетовските „црвено-црни“ на гостувањето во Велес против Борец. сѓд/рп/