Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Кривопаланечките полицајци им го честитаа празникот на жените од општината

Кривопаланечките полицајци им го честитаа празникот на жените од општината
300x250 opst2

Крива Паланка, 7 март 2020 (МИА) – Полициските службеници од Одделот за внатрешни работи, полициска станица Крива Паланка (ОВР) на припадничките на понежниот пол од Крива Паланка кои управуваа со возилата или беа на нивните работни места, со делење на цвеќе им го честитаа Меѓународниот денот на жената, Осми март.
-Нашите службеници денеска на симболичен начин го одбележаа празникот на жената, делејќи им цвеќе на припадничките на понежниот пол при контрола на возилата во сообраќајот, при што им даваа и совети за безбедно управување со моторни возила, а цвеќе им беа поделени и на дамите- пешаци, но и на сограѓанките кои денеска работеа на градскиот пазар и во дуќаните, информираат од Полициската станица при ОВР Крива Паланка.
Сообраќајците им поделија рози и упатија порака за безбедност во сообраќајот и вклученост на жените во целокупниот процес на безбедноста во заедницата,
Акцијата се реализира во соработка со Секторот за внатрешни работи Куманово, Отсек за превенција, согласно предвидените активности од проектите „Полицијата и граѓаните заедно” и „Бизнис и безбедност” чија цел е поголема безбедност во сообраќајот.ид/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Квалификуваното мнозинство за технички прашања во преговорите ќе спречи натамошни билатерални блокади

Филипче: Очајни се нападите од Мицкоски, човекот нема ни резултати ни капацитет да ја води државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци