Утрински Весник
Македонија

Верниците од Делчево ја одбележуваат Тодорова сабота

Верниците од Делчево ја одбележуваат Тодорова сабота
Dik 300x250 mk

Делчево, 7 март 2020 (МИА) – Утрово во црквата „Успение на Пресвета Богородица Делчево“ се служеше црковна богослужба како дел од одбележувањето на празникот „Тодорова сабота”. Карактеристично за овој празник, како што велат верниците е тоа што претходната вечер се прави обреден леб наречен Тодорички леб, кој се носи да преноќева во црква.

-Во средината на погачата има вдлабнат дел во кој се става свеќата, а одозгора врз погачата се прават форми слични на животни. Тестото се замесува од чисто пченкарно брашно. Погачата која преноќува во црквата се става на чинија врз шарена пченка и пченица. Тогаш се става и свеќата на средината на погачата, а свештеното лице ја благословува заедно со останатата храна. Се верува дека потоа ваквата погача има чудотворна моќ, велат верниците.

На сите оние кои ги започнаа Велигденските пости свештениците им посакаа лесни пости.
– Не само во храната, треба да се пости и духовно, да се внимава и што се зборува и што се прави. Постот сам по себе значи воздржување, додадоа свештениците.
На денешниот ден и во овој крај традиција е невестите заедно со своите свекрви и своите мајки да ја посетат црквата со што ги палат свеќите од свадбата. Оние што тоа не го направиле во текот на вчерашниот ден, го прават во сабота за време на црковната литургија. вс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски