Утрински Весник
Македонија

Општина Маврово и Ростуше со демант на објавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Маврово Ростуше

Општина Маврово и Ростуше со демант на објавата на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Маврово Ростуше

Дебар, 6 март 2020 (МИА) – Општина Маврово и Ростуше регираше во врска со, како што се наведува, невистините искажани од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Маврово и Ростуше преку социјалните мрежи дека наводно службено возило се користело за партиски цели.

– Општина Маврово и Ростуше ги демантира и најостро ги осудува искажаните невистини на Фејсбук профилот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ – Маврово и Ростуше, дека со службено возило во сопственост на Општината,  се разнесувал пропаганден материјал на политичката партија СДСМ, стои во реакцијата.

Се додава дека станува збор за разнесување на прехранбени продукти доделени од страна на Агенцијата за управување со одземен имот на РСМ.

– Со одлука на Агенцијата доделени се прехранбени продукти за сите основни општински училишта и градинки во нашата општина, и истите беа транспортирани до сите училишта во општината, се посочува во рекацијата.

Од таа причина,се додава, Општина Маврово и Ростуше бара извинување од страна на политичката партија сопственик на ФБ профилот од кој беа изнесени невистини.вт/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?