Утрински Весник
Спорт

Украински шампион во шах и неговата девојка отруени со „гас за смеење“

Украински шампион во шах и неговата девојка отруени со „гас за смеење“

Москва, 6 март 2020 (МИА) – Станислав Бофданович (27), кој е украински шампион во шах и неговата девојка Александра Вернигора, која исто така е врна шахистка, се отруени во стан во Москва за кој се испостави дека е „гас за смеење“ (нитрат оксид).

Смртта кај Богданович и Вернигора, која настапила со вдишување на гасот за смеење од балони, ја констатираа руски истражители кои додадоа дека немало знаци на борба на нивни тела.

Богданович е велемајстор од Одеса кој победил на многу турнири. Во 2015 година беше осми во светот во брзопотезен шах. Вернигора, пак, беше професионална шахистка и стидентка на Универзитетот во Москва.

Нитрат оксид за првпат се користеше како анестетик во 1844 година, но сега се користи и како средство за рекреација што се поврзува со голем број на смртни случаи. Меѓу другото може да предизвика отежнато дишење, забрзана работа на срцето и изгореници. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП