Утрински Весник
Политички Партии

Стоилковски: До Обвинителството ги поднесовме индициите за сторен криминал и можна корупција во врска со Шпанско село 2

Стоилковски: Постои сомнеж дека незавршувањето на болницата во Штип е поврзано со нова рекетарска афера

Скопје, 6 мат 2020

Денеска до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство ги поднесовме индициите за сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот Шпанско село 2, де што според нас е во режија на министерот за здравство Венко Филипче.

Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовевски и другите обвинители туку во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција.

Сметаме дека постојат сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки и сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“.

Очекуваме реакција од страна на јавното обвинителство.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуикации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт