Утрински Весник
Економија

Стапката на невработеност намалена на 16,6 отсто

Намален прометот во индустријата

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Стапката на невработеност во четвртиот квартал лани изнесува 16,6 отсто и е намалена во однос на  третиот квартал, кога изнесуваше 17,1 отсто. Стапката на активност во последното тримесечие од минатата година е 57,5, а стапката на вработеност 47,9, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал годинава активното население во државава изнесува 968 604 лица, од кои вработени се 807 362, а 161 242 лица се невработени.

Од невработените лица, 33.508 се со високо образование, 71.914 со средно четиригодишно образование, 12 931 со средно тригодишно, а со основно образование се 34.869 лица.

Податоците покажуваат дека најголем вработувач е преработувачката индустрија каде се вработени 161007 лица.лв/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цените на нафтата се пратија на нивото под 100 долари за барел

Цените на нафтата експлодираа, ИЕА апелира до секоја земја да ослободи дел од своите резерви

Цената на дизелот во Македонија со најголем раст споредено со земјите во регионот