Утрински Весник
Македонија

Во Гостивар се одбележува Денот на албанскиот учител

Во Гостивар се одбележува Денот на албанскиот учител

Гостивар, 6 март 2020 (МИА) – На пригодна свеченост по повод Денот на албанскиот учител, градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, додели ваучери нa најуспешните на литературниот конкурс што беше организиран по овој повод.

Конкурсот за есеј го организираше локалната самоуправа во соработка со средните училишта на тема поврзана со 7 март „Денот на учителот“ . Шестмина средношколци покрај вредносни ваучери добија и благодарници кои им ги врачи првиот човек на општина Гостивар.

Во рамки на одбележувањето на празникот, градоначалникот во попадневните часови ќе организира прием и заеднички ручек со дел од пензионираните наставници албанци од Гостивар.згм/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар

За три дена регистрирани 1.621 сообраќаен прекршок, приведени 43 лица