Утрински Весник
Македонија

Двајца фасадери повредени по пад од скеле

Двајца фасадери повредени по пад од скеле

Гостивар, 6 март 2020 (МИА) – Две лица биле згрижени во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ со повреди кои ги задобиле при пад од објект на кој работеле.

Според СВР Тетово, вчера во 11 часот, било пријавено дека додека работеле на фасада на станбена зграда во гостиварска Долна Бањица, Х.Џ.(53) од тетовско Гајре и Ф.З.(37) од Тетово, паднале од метално скеле. Повозрасниот Х.Џ. се здобил со тешки, а Ф.З. со телесни повреди.

Двајцата повредени работници пренесени се во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. По пријавата на местото на настанот, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.згм/лв/

фото МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври