Утрински Весник
Сцена

Понуда за Меган Маркл: Пет милиони долари за пет секунди во ТВ-серија

Меган Маркл покрена моднa линијa вo хуманитарни цели

Лондон, 6 март 2020 (/) – Претставници на козметичкиот бренд „Биотулин“ ѝ предложија на Меган Маркл – за пет секунди во серијата „Форс мажор“ да биде платена пет милиони долари.

Како што објави фирмата на Твитер, во шоуто глумицата треба да се појави со еден од производите на таа компанија.

Инаку, Маркл е голема обожавателка на брендот, како и Мишел Обама и Леонардо ди Каприо, меѓу попознатите. Војвотката од Сасекс, заедно со својот сопруг – принцот Хари, има намера да ѝ се врати на кинематографијата. Според информациите, тие сакаат да прават и документарни филмови за разни општествени прашања и проблеми.

Маркл веќе почна соработка со „Дизни“, каде што го позајмува гласот за еден цртан филм. Паричните средства добиени од тоа таа ќе ги даде во хуманитарни цели.

Се појавија и гласини дека Маркл веќе бара агент и за во Холивуд. си/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка