Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Гевгелиската болница дел од проект за унапредување на јавното здравство во прекуграничниот регион

Гевгелиската болница дел од проект за унапредување на јавното здравство во прекуграничниот регион
300x250 opst2

Гевгелија, 5 март 2020 (МИА) – Претставници на Општата болница со проширена дејност од Гевгелија во Солун учествуваа на работен состанок со партнерите кои го имплементираат проектот „Заеднички активности за заштита и унапредување на јавното здравје во прекуграничниот регион“.

Покрај гевгелиската општа болница, во имплементацијата на проектот учествуваат уште општата болница од Килкис, Здравствениот дом од Валандово, Националниот центар за брза помош и Фондацијата за локален развој од Гевгелија која им дава стручна и техничка помош на болницата од Гевгелија и на здравствениот дом од Валандово.

– На состанокот се разговареше за напредокот на активностите, за планирањето и спроведувањето на наредните активности, беше усвоен Акцискиот план за активности во периодот од март до јуни 2020 година, но се разговараше и за можните потешкотии околу реализацијата на активностите поради што беше разгледана и можноста за продолжување од дебет месеци на рокот за реализација на проектот, рекоа од гевгелиската Фондација за локален развој.

Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка на Северна Македонија и Грција и до сега со негова помош се направени повеќе реконструктивни зафати во општата болница во Гевгелија и во здравствениот дом во Валандово. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка – над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани

Адвокатската комора реагира на дописот од државниот јавен обвинител Коцевски за предметот „Пулс“

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%