Лос Анџелес, 5 март 2020 (/) – Во интервју за британското списание „Гламур“, манекенката Криси Тејген откри дека пред 14 години ставила силикон во своите гради, но и оти сега сака да го извади.
– Да, кога имав 20 години, ставив импланти во градите. Тоа беше поради костимите за капење. Мислев, кога веќе позирам, легната на грб, сакам тие (градите) да бидат „разиграни“. Но, потоа добив деца, па ми се полнат со млеко и сега сум зафркната, раскажува сосем искрено моделот.
Натаму, таа појаснува дека не ги направила поголеми, туку само ги пополнила за да бидат „потркалезни и поцврсти“.
– Силиконот треба да се менува секои десет години. Но, кога имате деца, почнувате да размислувате за ризиците од сè тоа… Па не сакам да умрам од операција на градите, истакна Тејген. Потоа таа говори и за својата опсесија со тежината, којашто сега е минато.
Манекенката со норвешко-тајландско етничко потекло, од 2013 година е омажена за пејачот Џон Леџенд и имаат две деца. си/