Утрински Весник
Македонија

Во Кратово успешно спроведен проектот „Нов пријател“

Во Кратово успешно спроведен проектот „Нов пријател“

Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Десет невработени лица од Кратово беа ангажирани со проектот „Нов пријател“ кој се спроведе во рамки на програмата општинско-корисна работа, насочена кон поддршка на социјалноранливите групи и невработените.

Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека програмата општинско корисна работа во Кратово се реализира по шести пат.

Оваа година за општина Кратово беа одобрени десет позиции за ангажирање десет лица во три различни области и тоа: еден негувател кој пружаше услуги на деца во детската  градинка „Царка Андреевска“,  осум  негуватели на стари и изнемоштени лица од општината и еднен образовен асистент за деца со позебни образовни потреби, кој беше ангажиран во основното општинско училиште „Кочо Рацин“. Ангажираните лица работеа по четири часа дневно, секој работен ден, за што добиваа надоместок во висина од 9000 денари, а сите активности се спроведуваа во градскиот реон, информираат од општина Кратово.

Програмата општинско-корисна работа е финансирана од УНДП и Министерството за труд и социјална политика, а на локално ниво проектот го реализираа Општина Кратово, Центарот за социјални работи и Агенција за вработување,Кратово, како и ООУ „Кочо Рацин“, Здравствен домКратово и ЈОУДГ „Царка Андреевска“. 

Проектните активности се спроведени во периодот од први септември 2019 година до крајот на февруари 2020, за деветмина ангажирани, додека ангажманот на образовниот асистент ќе заврши со истекот на учебната 2019/20 година, на десетти јуни.ис/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме