Утрински Весник
Македонија

Здравствениот дом од Крива Паланка ќе добие нов ЕХО апарат и мамограф

Здравствениот дом од Крива Паланка ќе добие нов ЕХО апарат и мамограф

Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Здравствениот дом „Димитар Арсов” од Крива Паланка годинава ќе биде опремен со нов ЕХО апарат, инвестиција вредна околу милион денари, а ќе се реализира согласно Програмата за работа на установата за тековната 2020 година.

-Охрабрени од добрата финансиска состојба што успеавме да ја стабилизираме, со планираните активности за тековната година, веќе се работи на набавка на нови медицински апарати и доопремување на целата установа. Прво и многу важно што ни претстоти е набавката на нов ЕХО-томографски апарат со можност за извршување доплер-прегледи на крвните садови, апарат кој вреди околу 1.000.000 денари, бидејќи постојниот апарат кој е сеуште во функција со кој се реализираат прегледите е стар повеќе децении. Исто така, планирано е да се спроведе доопремување на кабинетот за физикална медицина со нови апартати, бидејќи постојните се постари повеќе од 15-тина години, опрема која ќе чини околу 300.000 денари, изјави директорот на здравствен дом, Крива Паланка, Бранко Стаменковски.

Тој додаде дека во завршна фаза е и процедурата за обезбедување уште една донација во здравстевениот дом, повеќе од потребна, мамограф-уред за дијагностика на рак на дојка, бидејќи пациентките од овој крај мораат сега да патуваат за вакви услуги во соседните општини. Ова ќе придонесе за рана превенција и навремена дијагоностика на ракот на дојка и ќе пружи услуга која им е исклучително потребна на сите наши сограѓанки, вели Стаменковски. 

Стаменковски истакна дека со планот за работа за 2020 година предвидено е и доопремување на био-хемиската лабораторија со нови современи апарати за крвни анализи, инвестиција која ќе чини околу 500.000 денари. ид/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вештак на судењето на Ѓоко Ристов: Белешките на заѕиданите 350.000 евра ги пишувала неговата мајка

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено