Утрински Весник
Политички Партии

Претседателот на Националниот совет на Австрија Соботка во посета на Собранието

Претседателот на Националниот совет на Австрија Соботка во посета на Собранието

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Претседателот на Националниот совет на Република Австрија Волфганг Соботка денеска престојува во посета на Собранието.

Како што најави собраниската прес-служба, Соботка ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и ќе потпишат Писмо за намери за формирање „Работилници за демократија“.

Во рамки на посетата, Соботка ќе се сретне и со претставници од бизнис-заедницата: Штефан Петер од ЕВН Македонија АД, Глигор Бишев и Алвин Аличевиќ од Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

Соботка предвидено е да оствари одвоени средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со претседателот на ДУИ Али Ахмети. мд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт