Утрински Весник
Македонија

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска

Во Пехчево промовирани делата на поетесата Светлана Босилкова Далевска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пехчево, 4 март 2020 (МИА) – Во Пехчево се одржа промоција на збирката поезија „Мисловна вртелешка“ и романот „Лавица на жица“ од поетесата Светлана Босилкова-Далевска. Збирката, како што истакна Далевска е втора нејзина книга и во неа се застапени 45 песни.

– Првото мое дело е романот „Лавица на жица“ кој слободно можам да кажам дека е роман за љубовта, страдањата, надежта, додека збирката „Мисловна Вртелешка“ ги опејува егзистенцијалните теми, содржи родољубива и љубовна поезија, истакна Далевска пред присутните.

Извадоци од делата на авторката читаше професорката Светлана Ќулумова, додека со музичка точка се претставија проф.м-р Драган Колевски следен на гитара од младиот Андреј Каракашов.

Организатор на настанот е матичната библиотека „Кочо Рацин“, чија директорка Габриела Костадиновска, информираше дека промоцијата е дел од одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената. вс/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите