Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Градско доби 620.000 евра за реконструкција на улици и локален пат за село Виничани

Општина Градско доби 620.000 евра за реконструкција на улици и локален пат за село Виничани
Img 7972

Велес 4 март 2020 (МИА) – Преку проектот „Изградба и рехабилитација на локални патишта“, финансиран од Владата преку заем Светската банка вреден 70 милиони денари, Општина Градско доби 620 илјади евра со кои ќе реконструира четири улици во Градско и една во Виничани, а ќе реконструира и локален пат за Виничани од регионалниот пат Р 1102 до влезот на селото.

Како што информира за МИА градоначалникот Роберт Бешовски, во првата фаза Општината поднесе соодветна техничка документација за реконструкција на крак од улицата „Александар Македонски“ под бензинската пумпа во Градско, за реконструкција на улицата „Панко Брашнаров и крак од улицата, како и за реконструкција на улиците „Илинденска“ и „Јане Сандански“ во населбата „Стопанство“.

Опфатена е и  изградба на улицата „бр. 3“ во село Виничани од локалниот пат до населбата Лаките, како и реконструкција на локалниот пат за село Виничани од регионалниот пат Р 1102 до влез на селото Виничани.

Бешовски очекува овие градежи зафати да се реализираат во текот на годинава. Тој неделава потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски.

-Со реконструкција на овие улици и дел од локалните патни правци ќе се подобри животот на жителите од овие населени места, што е и наша заложба како Општина, потенцира градоначалникот Бешовски. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села

Мицкоски: На овие избори бираме каде да се движи државата – одлуката не е едноставна